Вести Свет Топ вести

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор.

  • Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена. Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да се случи, посочи Трамп одговарајќи на прашањето колку долго ќе траат преговорите, рече Трамп.

Тој наведе и дека Иран сака преговори „бидејќи многу тешко го погодивме“. САД на 25 јули  ја стопираа двонеделната кампања на воздушни напади врз Иран. Министерство за надворешни работи на Иран соопшти дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници и оти Техеран не се откажал од дипломатијата.

Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаеи наведе оти извештаите дека Иран бара разговори се „измислени“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Во Грна Гора жените со болни менструални циклуси имаат право на два дена платено месечно отсуство

Дејан Дејан

Мицкоски: Во услови на булинг, нема уставни измени – потребно е најде решение коешто ќе биде одржливо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе