Вести Свет

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Шумските пожари и натаму беснеат во околината на Мадрид и во регионот Валенсија. Видеоснимки од воздух беа објавени од шпанската Цивилна гарда.

Властите продолжуваат со напорите за локализирање на огнената стихија.

Поради опасноста, евакуирани се околу 79.000 жители, додека уште 30.000 лица добиле наредба да останат во своите домови.

Службите за итни случаи се на терен и ги следат условите во погодените подрачја.

Според министерката за еколошка транзиција Сара Агесен, од почетокот на годината изгореле околу 153.000 хектари, што е шестпати повеќе во споредба со истиот период лани.

Високите температури и долгите топлотни бранови се посочуваат како главни причини за брзото ширење на пожарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Четворица осомничени за трговија со дрога во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе