Случајот со водата за пиење во Гостивар нека биде за памет, порача Панче Тошковски, министер за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната прес-конференција на која соопшти дека гостиварци, конечно, можат да ја употребуваат водата од градскиот водовод како техничка, но не и за пиење и подготвување на храна.
„Се надевам дека ова ќе биде за памет и еднаш-засекогаш ќе постапуваат максимално професионално и во рамки на нивните законски утврдени надлежности во делот на контрола на клвалитетот на водата. Заради тоа што со здравјето и безбедноста на граѓаните нема играње и треба максимално професионално и сериозно да се сфати секоја една одговорност, особено одговорноста поврзана со водата, дали техничка вода за користење или вода за пиење“, нагласи Тошковски.
С.Д.
