Вести Македонија Топ вести

Ралев: Урбанизмот е првиот одбранбен штит на Скопје – но кај нас сега физичките закони се во судир со социјалните, па поради приватна сопственост секој има право да гради

Тоа што му се случи на Скопје со катастрофалниот земјотрес 1963. година покажа дека никогаш не треба да се  заборави на улогата на урбанизмот кој е првиот одбранбен штит, вели професор Ралев. Стандардите во урбанистичките планови, проекти го предвидуваат растојанието помеѓу зградите и пристапот до истите за спасување и расчитување во околности на природни непогоди кои не можете да ги предвидите.

  • Па на терен состојбата не е таква. Таа состојба нагло се промени со промената на општествениот систем. Порано како што на времето самиот Кензо Танге, нашиот Крале Марко на Скопје велеше дека е многу поедноставно и дека многу иновативно да работиш во простори во градови каде што земјиштето е државно, каде што нема приватна сопственост.  Затоа што сега физичките закони се во судир со социјалните закони, односно приватна сопственост, па дека секој има право да гради – проф.д-р Мишко Ралев, архитект.

Дури и краткотрајното невреме на кое сведочевме деновиве ги извади на површина многу недоследности и импровизации во изведбата на одредени објекти. За безбедноста дури и во вакво невреме сведочат и крововите кои се изработени со керамиди што е традиционален материјал кој сеуште може да се користи на одредени објекти, вели професор Ралев.

  • Се појави дека ние можеби во некои проекти или во некои ревизии и во надзори сме потфрлиле, затоа што ветерот беше вон просечните максимални брзини 130 км на час, но во статичките пресметки тоа не е некој проблем, дури стандардите треба да покажат и ветар со 200 километри на час да издржи кров. Што значи тие кровови недоволно се статички пресметани или во изведба со погрешни елементи монтирани – проф.д-р Мишко Ралев, архитект.

Дали Скопје е безбеден град ?

  • Не верувам дека е безбеден град, можеме и да посведочиме еве… Сега се наоѓаме на ул. Партизанска, имаме поставено жардињери порано не беа жардињери, зеленилото беше на ниво. И сега ги гледаме овие објекти од оваа страна тие се изградени 1970. година после земјотресот нели. Овде се шири Скопје, овие објекти немаат пристап за противпожарно возило. Може само од улица да се гаси затоа што не може да се премине, од позади се бараките, има постојано коли. На други објекти позади нив имаме подземни гаражи кои не можат да ја издржат таа тежина на цистерна и вакви примери има повеќе – проф. д-р Мишко Ралев, архитект.

Засилени контроли, ревизии и надзори се неопходни, за да не се доведуваме во ситуација да говориме за безбеден град 63 години по катастрофалниот земјотрес.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Гостивар утре ќе добие техничка вода

Дејан Дејан

СДСМ бара оставка од Клековски, велат тој призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Дејан Дејан

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе