Вести Македонија Топ вести

(видео)Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат aктуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции, рече на денешната прес – конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи илустрација, деновиве излегоа и со информација дека и водата во Валандово не била безбедна за пиење. Но, вонредните анализи покажаа нешто сосема спротивно од тврдењето на СДС.

  • И не само тоа се виде и колку СДС кога биле власт во Валандово не работеле, односно дека во тој период не се правеле ниту редовните анализи на квалитетот на водата кои се прават два пати годишно. Им порачуваме на СДС да бидат мирни, бидејќи во моментов надлежните си ги реализираат соодветно активностите, а за тоа говорат и фактите. Бројката на граѓани во Гостивар, кои бараат лекарска помош во здравствените установи се намалува, а деновиве граѓаните ќе имаат и технички исправна вода или вода која може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата. Кон крајот на следната недела пак, според проценки на надлежните треба да имаат и вода со соодветен квалитет за пиење, рече Петрушевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе