Вести Македонија Топ вести

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Претседателот на движењето ЗНАМ од Прилеп порача дека партијата не се бори за функции, туку за подобар живот на граѓаните, а за советниците и пратениците кои заминале, истакна дека најчесно е да го вратат мандатот добиен од партиските гласачи.

Во однос на одлуката на единствената советничка од ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп од неодамна да дејствува како независна, Димитриевски изрази жалење и посочи дека како нов политички субјект, нормално е сè уште да не ги познаваат сите членови кои им се приклучуваат. Претседателот н ЗНАМ рече дека и таа и пратеникот Миле Цеков ги имаат добиено своите позиции благодарение на довербата што граѓаните ѝ ја дале на партијата и најморално би било и двајцата да му ги вратат мандатите на движењето ЗНАМ бидејќи се освоени преку партијата.

„Таа треба на своите поддржувачи да им го даде вистинскиот одговор зошто донесла таква одлука. Најчесно би било не само таа, туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој е добиен преку партијата. Како и да е, ние не сме оптоварени со тоа прашање“, изјави Димитриевски.

„Европска Македонија не се гради со празни ветувања, туку со дела што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, од Прилеп, каде продолжи караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

Пред прилепчани, Димитриевски испрати јасна порака дека политиката мора да се врати на страната на граѓаните и дека довербата се гради само со одговорност и резултати.

  • „Граѓаните премногу долго слушаа ветувања, а премалку гледаа промени. Денес Македонија има потреба од политика која не бара изговори, туку презема одговорност и решава проблеми. Тоа е политиката на ЗНАМ, работа, ред и резултати“ истакна Димитриевски.

Тој посочи дека влегувањето на ЗНАМ во институциите не било само политичка одлука, туку преземање обврска пред граѓаните да се менуваат работите кои со години стоеле нерешени.

  • „Нашата цел не е да бидеме дел од системот заради функција. Нашата цел е системот да го направиме подобар за секој човек. Држава има смисла само ако граѓанинот ја чувствува, преку подобри услуги, правда, економски можности и сигурна иднина“ порача лидерот на ЗНАМ.

Во рамки на панел-дискусијата беа отворени теми од клучно значење за развојот на државата, реформите во правосудството, јакнењето на институциите, економскиот напредок и поддршката за земјоделците.

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, зборуваше за значењето на владеењето на правото, демократските институции и современото законодавство како основа на европската иднина на Македонија. Таа оцени дека блокирањето на новиот Изборен законик претставува обид да се спречат реформите и имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски интереси кога станува збор за европските стандарди и фер изборниот процес.

Потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, ги претстави политиките за унапредување на земјоделството, подобрување на условите за производителите и развој на руралните средини.

Патот кон европска Македонија се гради со доверба, работа и заедничка визија. Караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ градовите, со една јасна порака,  Македонија има иднина кога политиката е во служба на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево укрдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе