Вести Македонија Најважни

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Гостиварци се уште се во кризна состојба, а по една недела од прогласувањето на епидемијата не се гледа крајот на кризата за вода.

Техничка вода во чешмите нема, и не се знае точно кога ќе протече. И понатаму граѓаните за лична хигиена се снабдуваат со вода како знааат и умеат, додека за пиење флаширана вода добиваат на пунктови кои ги снабдува државата.

Бројот на луже кои се јавуваат во здравствените установи се намалува но се уште има нови случаи со дигестивни проблеми. Министерот за здравство вели дека утрово добиол број на новозаболени за денеска и според него епидемијата стагнира.

  • „Денеска имаме состојба од 80 првопријавени пациенти, што е двојно намалување од претходните бројки и дефинитивно сме во надолен тренд. Вкупната бројка на заболени е околу 4.000. Се прават редовни анализи на водата на повеќе мерни места. Во моментот кога ќе биде хлорирањето на задоволително ниво, ќе биде дадена дозволата за употреба за техничка вода“ – Клековски.

Во меѓувреме се истражува работата на Болницата во Гостивар, дали здравствените установи дали на време реагираа на време и ја известија јавноста.

Сепак според Клековски најголемата одговорност е во раководството на Комуналец од Гостивар, бидејќи претпријатието било задолжено да ја извести јавноста за резултатите од испитувањата на водата од водоводот.

Смета дека не треба да се бара и лоцира одговорност пред време се додека трае истрагата на обвинителстовто.

  • „Вие треба да разберете дека во летно време секако има гастроентерит, има епидемиолошки стандарди на колку случаи се пали црвено светло дека нешто невообичаено се случува. Дозволете да го направиме тоа. Луѓето во ненормални услови се справуваа со по 400, 500, 600 пациенти дневно во Здравствениот дом и за дел од тоа треба да им оддадеме признание. Што се случувало, дали затаиле, дали предвиделе, треба на раат да го видиме тоа“ – Клековски.

Инаку во моментов трае зголемено хлорирање на водоводниот систем во Гостивар, со кое се очекува да се добие употрблива вода за користење за лична хигена.

Од друга страна според министерот токму од одржувањето на личната хигена ќе зависи дали ќе се појават дополнителни заболувања кај граѓаните на Гостивар.

Во меѓувреме во притвор се директорката директорката и двајца раководители на Комуналец кои според обвинителстовто на 25 јуни дале налог да се постават три потопни пумпи од канал со површинска вода со штетни материи.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Данокот на имот во Скопје ќе се пресметува според реалната пазарна вредност на недвижностите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе