Вести Македонија Најважни

Јошески: АХВ сеуште не е известена од Центарот за јавно здравје Тетово за водата во Лешок

Кризната состојба и епидемијата во Гостивар, забрана за употреба на водата за пиење во Крушево, концентрацијата на арсен во водата во Валандово и извештај за небезбедна вода за пиење во Болницата за белодробни заболувања во село Лешок, го отвори прашањето каде затаи системот и дали воопшто постои комуникација меѓу надлежните институции за навремено информирање на граѓаните во интерес на нивното здравје.

  • Во однос на проблемот во Гостивар и во Валандово АХВ во целост и навремено ги извести граѓаните за проблемот којшто е и начинот на кој постапува во однос на пренесениот извештај на добиени резултати. Од болницата во Лешок Агенцијата за храна и ветеринарство сеуште не е известена од надлежниот Центар за јавно здравје во Тетово за добиените незадоволителни резултати – д-р Мартин Јошески, Агенција за храна и ветеринарство.

Центрите за јавно здравје кои се вкупно десет на територија на Македонија се оние кои ги прават проверките и треба да ја известат АХВ. Во континуитет имаме добра соработка со Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје во Скопје, Прилеп и Велес, но тоа не е случај и со Центарот за јавно здравје во Тетово и тоа трае подолг период , вели Јошески.

  • Да, ние во неколку наврати интервениравме со известување до нивна страна и очекуваме да се придржуваат на законскиоте барања за известување на Агенцијата – Јошески.

За министерот Клековски состојбата со водата во Лешок трае со децении и тоа особено во летните месеци и тоа го знаеле министрите за здравство меѓу 2017 та и 2022, што може да се види и во редовните наоди што ги добивало Министерството за здравство. Тоа го знае и населението, затоа водата се обезбедува од диспанзери. Во однос на комуникацијата меѓу надлежните институции Клековски со став:

  • Па видете каква е меѓуинституциската комуникација познато е во Македонија дека ресорите имаат проблем во меѓусебната комуникација. Во моментов директорот на Центар за јавно здравје е максимално респонзивен и одговара и соработува по сите прашања што јас како министер или министерството, без разлика кој и да е од министерството ги бара – Сашо Клековски, министер за здравство.

На прашањето дали Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили контролите по она на кое сведочевме во Гостивар, Валандово и Крушево, Јошески со став дека Центрите за јавно здравје се оние кои ги прават првичните контроли согласно програмите за безбедност на водата за пиење и надзор на здравствената исправност, па потоа ја известуваат и Агенцијата за храна и ветеринарство. При тоа центрите за јавно здравје не го проверуваат само присуството на ешерихија коли и ентерококи, туку и присуството на тешки метали и параметрите кои се предвидени во правилникот.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе