Вести Македонија Најважни

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Препукувањата меѓу актуелниот и поранешниот министер за надворешни работи продолжуваат.

Откако Бујар Османи оцени дека владата сега го признава она што, како што вели, тој го тврдел со години, порача: „Муцунски го потврди она за што четири години трпам критики“ алудирајќи на изјавата на Муцунски дека протоколите не се дел од преговарачката рамка.

Муцунски возврати, дека Бујар Османи последен има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не.

Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата.

Затоа, денес нека не троши енергија за да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави“, дециден е Муцунски.

Оценувајќи дека Османи е „политичар кој ја загуби довербата и во сопственото маало“ според министерот, токму политиките на Османи ја довеле државата во сегашната позиција на европскиот пат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе