Вести Македонија Топ вести

Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО, Левица вели ова е последната опомена

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Место тоа, Владата доби уште 5 години за да ги спроведе забелешките на УНЕСКО за заштита. Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена, стои во денешното соопштение од Левица.

Од партијата велат дека наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа треба да биде причина за срам.

  • Со години добиваме нови рокови, нови препораки и нови предупредувања, а проблемите остануваат исти. Денес зборуваме за 4.847 дивоградби во Охридскиот Регион, бројка која сама по себе покажува дека институциите со години ги пикаат работите под тепих и не ја вршат својата работа. Најдобар доказ за тоа е што од 2019 до 2024 година биле издадени 456 конечни и извршни решенија за уривање, а ниту едно не било спроведено, соопшти Левица.

Охрид не смее да стане пример како се троши меѓународниот кредибилитет на една држава, а статусот на светско наследство не е вечен. Тој се заслужува со одговорно управување, кое очигледно го нема!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Регионот Атика е погоден од најлошата епидемија на Западнонилска треска досега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе