Обвинителството за сега не утврдило пропусти при интервенцијата на работникот кој загинал во канал на гостиварскиот водовод 10 дена пред да бидат вклучени пумпите кој ја загадија водата со фекалии. Сепак се уште се чека официјалниот обдукциски наод иако како причина за смртта на работникот според обвинителството е дека е од срцев удар.
Но од Трудовиот инспекторат за Телма брифираат дека вработениот работите за гостиварски Комуналец ги изведувал додека бил на годишен одмор, нешто што го пишува и во извештајот испратен до обвинитлеството. Не е утврдено дали бил по наредба на работодавачот или отишол самоиницијативно, велат од инспекторатот, но тврдат дека работел импровизирано.
Бил врзан со јаже кога се спуштал во каналот а другиот крај од јажето врзано за дрво. Интервенцијата дури била снимана и со мобилен телефон за што постои видео запис, дознава Телма.
Од друга страна од обвинителството истакнуваат дека се работи за долгогодишен искусен работник и дека овој случај нема никаква поврзаност со поставувањето на пумпите кои требаше да го зголемат притисокот на водата во водоводот, но го загадија.
Интервенцијата што се вршела на каналите не била поврзана ниту со притисокот на водата во Дебреше од каде потекнува работникот и од каде жителите протестираа за да добијат вода за пиење ниту со загадувањето на водата во Гостивар. Работите ги извршувал во атарот на село Горно Јеловце, што според обвинителството е далеку од местото каде се поставени пумпите во преливната комора преку кои се загади водата во гостиварскиот водовод.
Според обвинителстовто на 25 јуни директорката и двајца раководители на Комуналец дале налог да се постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи.
На ова претходеа на 19 јуни протести пред општината на мештаните од Дебреше кои бараа да имаат вода за пиење, но и градоначалникот овие протести не ги поврзува со поставувањето на пумпите
Водата во Гостивар е загадена со фекални бактерии, а државата прогласи епидемија и ја забрани за користење.
Иако првично беше објавено дека резултатите од испитувањата на нејзиниот квалитет уште на 13 јули се дека таа била за користење сепак според министерот за здравство два од резултатите биле дека е загадена. Се уште траат за анализите на сите извештаи, велат од министерството.
Билјана Николовска
Б.С.
