Вести Македонија Најважни

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот.

Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина  за заболувањата на над 1200 граѓани се храната што ја јаделе или високите температури.

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Од АXВ велат дека со вонредниот инспекциски надзор  утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.

 

И од СВР Тетово ги потврдуваат сомневањата за загадување на водата.

„Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот.

Од болницата во Гостивар изјавија дека околу 1200 пациенти со симптоми на дијареа, болки во желудникот, температура и омалаксаност изминатите 3 до 4 дена побараа лекарска помош во ЈЗУ Општа Болница ‘’Д-р Ферид Мурад’’ во Гостивар. Од болницата наведуваат дека епидемијата се шири низ Гостивар  но причината сеуште се утврдува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Едночасовен дожд остави хаос во Битола

Kristina Kuzmanovski

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе