Стевчo Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, објави политичкото движење ГРОМ, кое го предводи поранешниот градоначалник на Карпош.
Од Партијата велат дека Јакимовски доброволно заминал на отслужување на затворската казна во затворот „Скопје“ во Шутка. Тие обвинија дека Кривичниот суд донел одлука за казна поради две времени бараки и дека зад целиот случај против Јакимовски стои политичка нарачка.
Од Затворот Шутка за Телма потврдија дека Јакимовски пред малку сам се пријавил на отслужување на казната.
Јакимовски со потврдена казна од една година затвор, дел од предметот се враќа на повторно судење
