Советниците на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар го изгласаа ДУП-от за Барутана со кој се превидуваат големи градежни зафати на Водно.
–Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и уште двајца поединци од големите партии беа против ваквото искористување на падините и шумите на Водно. Ако Галите во стрипот „Астерикс и Обеликс“ се плашеа „небото да не им падне на глава“, скопјани и особено центарци, треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава. Не може да се задоволи огромниот апетит за разјадување на шумата на планината која треба да го штити градот од поројни поплави и лизгање на земјиште, обвинуваат од иницијативата.
