Вести Македонија

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Во предметот за мазутот, сметам дека јавната обвинителка, постапувајќи во предметот, дошла до фаза во која сметала дека ги презела сите истражни дејствија од доказите кои што ги прибрала и единствен резултат од тие докази е да донесе Наредба за запирање на истражната постапка, рече републичкиот Јавен обвинител, Ненад Савески во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„И кога ја донесе таа одлука, јас не бев информиран заради тоа што сум државен јавен обвинител, туку и заради тоа што сметала дека за оваа јавнообвинителска одлука треба да слушне и јавноста. Токму и затоа, дента кога соопштивме дека е донесена ваква одлука, се организира и брифинг со новинарите, свесни дека одлуката мора да се образложи. Брифингот беше организиран во мое отсуство, со цел јавната обвинителка во една целосна самостојност да може да објасни како дошла до таа одлука. Од моја ќе им бидат овозможени максимални услови на јавните обвинители за да го уживаат она што за нив е гаранција за нивното постапување, меѓу останатото и самостојното постапување и одлучување. Не сакам просторот да го окупирам јас, бидејќи јас не сум Јавното обвинителство. Јас сум само државен јавен обвинител кој ја предводи оваа институција“, рече Савески.

Тој истакна дека секој јавен обвинител стои зад своите одлуки кои што ги носи и како постапува во конкретна постапка.

„Треба да биде свесен дека покрај тоа што е негово право да ја ужива самостојноста, во исто време е и негова лична одговорност зад секоја одлука да стои јавен обвинител. А кога има потреба од реферирање, секогаш тоа треба да се направи според принципите и правилниците за работа во јавното обвинителство. Прво се реферира пред првиот човек на Јавното обвинителство, потоа се реферира пред Вишиот јавен обвинител и трет во хиерархијата е пред Републичкото јавно обвинителство. Тие принципи мора да се почитуваат. Немам јас апсолутна моќ, ниту законски ми е дадена, да можам да се однесувам апсолутистички кон обвинителите и диктаторски да барам од нив да ми реферираат за секој предмет или јас да им кажувам како да одлучат во конкретен предмет“, потенцира Савески.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе