Македонија

Уставен нема да ја оценува уставноста на задолжителното вакцинирање од законот за основно образование

Уставниот суд нема да поведе постапка за оценување на уставноста на задолжителното вакцинирање од законот за основно образование.

Уставните судии беа поделени, Јован Јосифовски, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски сметаа дека ускратувањето на правото на образование е најголема повреда на Уставот и дека со  санкцијата, невакцинираните деца да не можат да се запишат во училиште, се повредува нивното уставно право на образование и детето страда без негова вина.

Кадриу укажа и дека ваква санкција не постои во ниту една друга држава.

Но, законодавецот се повикува на уставното право и должност на граѓанинот да го чува сопственото здравје и здравјето на другиот.

Претседателката Кацарска е со став дека здравјето е поважно од образованието.

Крајната одлука, да не се поведе постапка беше донесена поради тоа што овој суд во друг состав веќе три пати донел иста таква одлука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе