Вести Македонија Најважни

Претекнувал на спротивна лента, загинаа двајца, шестмина се повредени од кои и едногодишно дете

25 годишен жител од Батинци е осомничен дека ја предизвикал сообраќајката во која загинаа двајца, а неколкумина беа повредени.

Обвинителството за него побара мерка со која не смее да го напушта живеалиштето, да му се одземе пасошот и возачката дозвола. Според првичните сознанија на обвинителството, возел Хундаи Акцент по левата сообраќајна лента од улицата „Борис Трајковски“. Кога пристигнал пред крстосницата, преминал преку две полни линии и од левата страна го претекнувал Фиат Пунтото кое се движело пред него. Така возел во спротивната насока и директно се судрил со Мерцедес кој доаѓал од спротивниот правец. Од ударот, возилото на осомничениот се движело кон десно и удрил во Фиат Пунтото кое кое претходно го престигнувал. Мерцедесот пак од  ударот се отишол на спротивната коловозна лента, по што бил удрен од Фолсфаген Пасат и Фолсфаген Шаран и и на крај удрил во метална ограда на тротоарот.

На лице место живото загинал 28-годишен скопјанец возач на Мерцедесот и жител на с. Студеничани на возраст од 50 години кои возел со Фолсваген Пасататот кој удрил во Мерцедесот. Шестмина  се повредени меѓу кои и едногодишно дете. По наредба на обвинителството обезбедени се и подигнати траги, обезбедена е фото документацијата, издадени се наредби за сообраќајно техничко вештачење, како и за обдукција на телата на починатите. Сообраќајката се случи на 8 јуни на неполн час пред полициски час.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лагард: Инфлацијата сè понестабилна поради глобалните шокови

Дејан Дејан

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе