Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши првата учебна година која се изведуваше под посебни услови

/

Македонија

Сподели преку :

Учениците од денеска одат на распуст. Заврши првата учебна година која се изведуваше под посебни услови заради пандемијата. Учениците учеа на далечина,  но поради неподготвеноста да се стартува на ваков начин, таа започна на први октомври.  МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата наредната година, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска со видео обраќање се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за успешно завршената учебна година во овие вонредни услови. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје беше заштитено, но сето ова немаше да биде возможно без помошта од наставниците и родителите, вели Царовска.

Jumbo 2