Вести Македонија Најважни

Декретот на Бајден не го менува ставот на опозицијата

Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, дека ќе бидат подложени на санкции сите што не го почитуваат или го загрозуваат Преспанскиот договор, нема да го промени ставот на ВМРО ДПМНЕ. Велат дека, право на секоја суверена држава е да си димензионира како ќе ги заштити своите стратешки интереси, но тие ќе се држат до своите приоритети.

Од партијата потсетуваат на досегашното искуство со такви санкции, велејќи дека, личностите што беа на црната листа сега се коалициони партнери во власта.

За владата, декретот на Бајден е порака за сите што ги блокираат или сакаат да ги блокираат процесите во државата.

Во декретот на Бајден, е наведено дека сите граѓани кои нема да ги почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор и што ќе работат против демократските процеси во Западен Балкан ќе бидат ставени на црна листа и нема да им биде дозволен влез во САД. Опсегот ќе биде проширен и со лица кои се одговорни за „сериозни повреди на човековите права” и вклучени во корупција во регионот, вклучително и проневера на јавни средства, отуѓување на приватен имот за лична корист или за политички цели и мито.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Османи ги изнесе Адеми и Бектеши на кафе во Скопска Чаршија

Дејан Дејан

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Арсовска до Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе