Докторот кој констатирал природна смрт кај една од жртвите на осомничениот сериски убиец во кумановско, e повикан во обвинителството да даде исказ, дознава Телма.
Кога 35-годишната Марија Маринковска била пронајдена мртва во нејзиниот дом, на 19 јануари годинава, докторот кој потпишал дека нема траги на насилство бил на замена на друг доктор.
Сведоци на првите моменти по пронаоѓањето, тврдат дека последна дошла амбулантската кола, и дека една од докторките, сепак, се посомневала на насилна смрт.
Но, полицијата ги натерала родителите и блиските роднини да потпишат дека нема да бараат обдукција. По ова била закопана, а откако обвинителството побара нејзина ексхумација, обдукцијата утврди дека се работи за убиство. Телма сторијата за осомничениот сериски убиец од кумановско, кој ги демнел потенцијалните жртви.
На сторијата работеше Билјана Николовска
