Министерството за внатрешни работи, соопшти дека во рано утринава успешно била изведена операција за спасување на двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, каде биле заглавени заради снежни наноси.
Со нив не можело ниту да се воспостави контакт заради отсуство на мобилна мрежа.
Случајот бил пријавен во СВР Тетово синоќа околу 23.30 часот а веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на одделот за специјални полициски операции и одделот за униформирана полиција при МВР, како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Потоа, екипите со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, се упатиле кон местото на настанот.
Денеска, околу 8 часот и 30 минути, лицата била пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба.
Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе.
