Неексплодирана минофрлачка граната била пронајдена од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во индустриски дел на Општина Богданци. Како што информираат оттаму граната била 70 мм, и истата датира од Првата светска војна.
„Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 мм што е НУС од Првата светска војна“, се посочува во соопштението од ДЗС.
По извршени безбедносни проверки на како и согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена ѝ е пренесена за понатамошна постапка за нејзино уништување.
Т.Д.
