Вести Свет

ЕУ е загрижена поради жртвите на протестите во Иран, но нејзина политика не е промена на режимот

Европската Унија изразува загриженост поради зголемениот број на загинати и повредени во протестите во Иран и нагласува дека отфрла секое насилство врз мирни демонстранти, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни.

Народот на Иран ги изразува своите легитимни аспирации за подобар живот. Секое насилство врз мирните демонстранти е неприфатливо. Ги повикуваме властите на Иран да ги почитуваат правата на слобода на изразување и на мирно собирање и да го возобноват пристапот до интернет за сите, рече Ел Ануни.

Тој додаде дека ЕУ внимателно ја следи состојбата во Иран, вклучително и најновиот развој на настаните во југозападниот дел од земјата.

Запрашан дали ЕУ поддржува промена на режимот во Иран и доколку дојде до таква смена кого ќе поддржи како иден лидер на земјата, Ел Ануни нагласи дека промена на режимот не е дел од политика на Унијата кон Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе