Претседателот на СДСМ, Венко Филипче остро порача дека секој што ќе присуствува на состанокот инициран од Мицкоски, директно дава легитимитет на, како што рече, изолацијата на државата, криминалот и корупцијата. Тој оцени дека учеството на таков состанок значи јавно приклучување кон, според него, „тендер-коалицијата“.
Филипче алармираше и за системот „Сејф сити“, предупредувајќи дека нерегулираниот дигитален надзор претставува сериозна закана за демократијата.
Колешката Далиборка Демјанска Цветановски се вклучи во вестите во 12:30 часот со детали од денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
