Вести Свет Топ вести

Илјадници домаќинства без струја – Франција и Велика Британија погодени од невремето Горети

Силни ветрови ги погодија денеска Франција и Велика Британија додека бурата Горети што ја зафати северна Европа, остави илјадници домаќинства без електрична енергија.

Околу 380.000 домаќинства во Франција останаа без струја, главно во регионите Бретања и Нормандија, соопшти добавувачот со електрична енергија Енедис.

Во текот на ноќта се забележани удари на ветар од преку 150 км./ч. во северозападниот франсуцки регион Манше до рекордни 213 км./ч. во Бартфлор. Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Париз и Нормандија.

Според Нешнл Грид (National Grid) над 57.000 домаќинства останаа без струја во Велика Британија, откако бурата Горети донесе нови количини на снег. Стотина училишта се очекува да бидат затворени во делови на Шкотска и во централна Англија која е особено погодена од невремето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе