В петок вечер, во текот на ноќта и в сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места снег, а на пониските дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми, соопшти УХМР.
В недела и в понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км./ч.) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
