Балкан Вести Топ вести

Нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре сообраќајот ќе се одвива непречено

Повтроно ќе биде затворен граничниот премин Евзони кон нашата земја од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време за влез и излез од Грција за сите возила, додека пак во следните два дена не се планирани блокади поради утрешниот празник Водици во Грција.

Земјоделците од северниот дел на земјата кои од 1 декември нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони исто како и вчера, така и денеска на четири часа ќе го блокираат сообраќајот за сите видови возила.

Во однос на следните денови, со оглед на тоа што утре во Грција се празнува Богојавление, земјоделците од целата земја, исто како и за Божиќ и Нова година, планираат да ги отворат сите автопатишта за непречено патување на граѓаните.

Ова ќе важи и за Евзони и во вторник и среда не се планирани блокади.

На вчерашниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше одлучена 48-часовна блокада, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини.

Земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, а нивниот став е дека ќе дојдат на дијалог со Владата, само доколку бидат исполнети сите нивни барања.

За земјоделските протести, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претпладнево свика вонреден состанок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе