Партијата на пензионери смета го поддржува законот за работно ангажирање на пенизонерите, но сео неколку забелешки кои ги сметаат за недостатоци во законот кој го предложи владата. Од партијата преку соопштение велат дека преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагагале донесување на сличен Закон.
Овој чин го гледаме како револуционерен. Но, во исто време Партијата на пензионери има забелешки за недостатоците на овој Закон, како што се:
– ПП не гледа потреба од ограничување на Законот, од причина што сите способни пензионери би сакале да работат подолг период од законски предвидениот. Правото на работа е уставно загарантирано и не треба да влијае на пензијата која е економска категорија и законски загарантирана.
– Овој закон треба да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области, освен во државната администрација,
– Со проширување на дејностите без ограничување на 15 денови во месецот ќе се овозможи поголемо ангажирање на пензионерите и намалување на социјалните разлики, стои во ставот на партијата испратен до медиумите.
