Вести Свет Топ вести

Сопствениците на барот во Кран Монтана осомничени во истрага за пожарот и 40-те загинати жртви, ги гонат и за убиство од небрежност

Обвинителството во кантонот Вале соопшти дека е отворена кривична истрага против сопствениците на барот „Le constellation“, Жак и Џесика Морети.

-Потврдувам дека синоќа, на крајот од денот, е покрената кривична истрага против двајцата менаџери. Оваа кривична истрага ќе овозможи, во соработка со сите засегнати страни, да се подвлечат и истражат сите траги. Како што постојано наведував, ниту една трага или сомнеж нема да се занемарат. Сите можности се истражуваат и со отварањето на истрагата, ќе ни овозможи да продолжиме да делуваме според законот за кривична постапка, изјави Беатрис Пилу, обвинителката на кантонот Вале.

Брачната двојка Морети се осомничени за убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)


Во трагичниот пожар настрадаа и загина 40 главно млади гости на барот на осомничените. Повредени се 119 луѓе, а некои од нив многу тешко и се префрлени низ повеќе европски држави. Во трагедијата загина и 16-годишниот македонски државјанин Стивен Ивановски.

Пожарот избувна на новогодишна прослава од прскалка која го запали акустичниот сунѓер на плафонот по што десетици млади посетители не успеаја да избегаат од подземниот дел на барот низ тесните скали.

Миомир Серафиновиќ

Младиот Македонец Стивен Ивановски идентификуван, родители талкаат по Кран Монтана по потрага по информации за децата, нови страотни снимки од катастрофалниот пожар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе