Скопското обвинителство го гони возачот кој на пешачки го прегази поранешниот директор на ОХИС Јорго Ќука за најтешко кривично дело од областа на сообраќајот за кое предвидена е казна затвор од најмалку 4 години.
Обвинението за тешки дела против безбендоста на лужето и имотот во сообраќајот доаѓа 2 месеца по тешката сообраќајка. На 3-ти ноември на булеварот Гоце делчев, 37-годишниот скопјанец со автомобил го прегазил Ќука. Обивнетиот не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето велат од обивнителството.
„Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место“, соопштуваат од ОЈО Скопје.
Обвинетиот се брани од слобода, а му беа пределни мерки на претпазливост. Одземени му се двата пасоша, македонскиот и српскиот и возачката дозвола, а има и забрана за напуштање на градот и обврска да се јавува редовно во судот .
Како што претходно објави Телма aвтомобилот бил на име на фирма а возачот бил уапсен во здравствена установа. Со такси, по несреќата отишол на лекар. МВР после три и пол часа од несреќата соопшти дека го уапсила осомничениот. Јорго Ќука беше познат стопанственик, а повеќе од две децении прв човек на поранешниот гигант во хемиската индустрија ОХИС.
Елена Ивановска Мукоска
Дигитална обработка: Т.Д.
