Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека до втората половина на 2026 ќе почне да ја гради првата катна гаража во Клинички центар за да се реши проблемот со паркирањето.
- Кога сме денес во Клиничкиот центар, имаше во минатото една тема која што често се говореше. јас изминатиов период по консулатации извршени со претседателот на Владата, но и со министерот, кој што тука е присутен денес сакам да најавам дека она што беше тема поврзно со паркинкот во клинички центар Градот Скопје до втората половина на оваа календарска година ќе започне да ја гради првата катна гаража овде во Клинички центар… Тоа реално ќе го реши проблемот и за вработените, но и за сите наши согражани кои доаѓаат овде за потрепа. До крајот на мојот мандат планираме искрено две катни каражи- Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
