Вести Македонија Топ вести

Тео Гоновски и Филип Михов, „големи и мали“ математичари кои не претставуваат во светот, во математика

Во јавната сфера, помеѓу натписите за корупцијата, криминалот, партиско-политичките препирки и остантите теми блескаат значајни успеси… Основци го носат на плеќи успесхот во најстрата научна дисциплина, за многумина сведена на калкулатор за Тео Гоновски и Филип Михов наука која го обликувала нивниот живот.. Македоните натпреварувачи редат успеси во светски рамки во математика, а ние одвојуваме време во вестите токму за една таква поинаква приказна.

Од ментална аритметика константи, променливи, па до максимални сто поени за влез во супер финале на германската интернационална олимпијада, соочување на 3000 ученици од Европа, меѓу кои и неколкумина од земјава. Во мај заедно со останатите деца кои се квалификуваа за главниот настан во Франкфурт, Германија, Гоновски ќе ги брани боите на нашата земја, но и неговото макотрпно стекнато знаење.

Тео Гоновски со 11 години се вљубил во океанот од знаци, равенки и формули. Најстарата наука му влегла во крвта, со неа реди успеси дома и во светот, работи со часови на ден, а кога ќе порасне не сака да биде ништо друго.

Темата за науката со која не плашеа како мали, не се работи без талент, но не се, ниту, пак успева без труд. Дали математичарите се поумни од останатите ученици, нема гаранција и по 20 години нераскинлива љубов со неа.

Од млад математички натпреварувач до постдипломец на Оксфорд.. Филип Михов, сега експерт во ај-ти технологиите љубовта кон математиката го одвела во занаетот програмирање, oлимпиец, на информатички технологии. Пред Кина, зад Сингапур, но е во загаденост на воздухот како што често слушаме, туку во математика.

Почитувани, не верувајте во се што ќе чуете и видите, но едно е секогаш точно, 2 плус 2 се секогаш четири, и исто толку веродостојни се успесите на нашите математичари во светските борилишта на знаењето.. Михов, е пример за малиот Гоновски, а токму и двајцата се пример дека во нешто општество има позитивни примери кои инспирираат.

Павле Беловски

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе