Вести Македонија

Двајца 19 годишни романски државјани ограбиле златарница, полицијата ги фати

На 30 декември 2025 година, во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полицијата лиши од слобода двајца романски државјани, на 19 годишна возраст, поради сомнение за кражба во златарница.

Тие влегле во продавницата и побарале да разгледаат златен накит, но со употреба на сила ја одзеле футролата со накит од вработената и побегнале.

По преземени мерки, полицијата ги фатила на излезот од трговскиот центар и кај нив пронашла 43 парчиња златен накит.

Одземеното е вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следува соодветна пријава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Tea Dimkovska

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе