Вести Македонија Топ вести

Лука, Давид, Хана, Јана – најпопуларни имиња за новороденчињата во Македонија во 2024 година

Лука и Хана се на врвот од списокот на најчесто давани имиња за новороденчињата во Македонија во 2024 година. Традиционалните, но и модерните имиња, продолжуваат да бидат избор на родителите, кои сè почесто се одлучуваат за кратки и звучни имиња со силно значење.

Државниот завод за статистика  во својата публикација  „Северна Македонија во бројки 2025“ објави дека меѓу машките бебиња, најпопуларни биле имињата Лука, Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео, додека кај девојчињата најчесто се избирале Хана, Јана, Давид, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.

Според последните податоците на ДЗС, во текот на 2024 година во земјава се родени вкупно 16.061 дете. Од нив, 8.277 се машки, а 7.784 женски бебиња, што ја потврдува благата доминација на машките новороденчиња.

Статистиката покажува дека, и покрај демографските предизвици, родителите и натаму ја негуваат традицијата, но и отвореноста кон нови и современи имиња.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Tea Dimkovska

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе