Вести Македонија Најважни

Донесен законот за Судски совет – и опозицијата гласаше бидејќи е дел од реформската агенда

Со 73 гласа ,,за“ и 1 „воздржан“ Собранието го донесе предлог -законот за Судски совет. Опозицијата гласаше за законот затоа што е дел од реформската агенда, но реагираат дека начинот на кој е влезен во собраниска процедура не е коректен и дека со доцнењето се изгубени финансиски средства.

Претходно се обидоа со 13 амандмани да го подобрат текстот, а прифатени им беа четири, но реагираат дека, Венецијанската комисија и Оценската мисија дале препорака, членовите на Судскиот совет да се бираат по моделот по кој се бираат членовите на Антикорупциската комисија, а тоа овојпат не е случај. Од владејачкото мнозинство аргументираа со тоа дека Венецијанската комисија нема забелешки за законот.

Клучните новини кои ги предвидува законот се воведувањето на јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет.

Исто така, законот прецизно ги дефинира критериумите за тоа кој може да биде избран за „истакнат правник“ и воведува задолжителна јавна расправа при избор на членови кои не се од редот на судиите.

Советот отсега ќе има и законска обврска детално да ги образложува и  одлуките за избор и одговорност на судиите, со јасно утврдени рокови за дисциплински постапки и прецизирани механизми за жалба.

Далиборка Демјанска Цветановска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство и соработка наместо конструкции и инсинуации – силни политички реакции по инцидентот на Ќафасан

Sasko Dimovski

Закопани пет грла овци во Соколарци – угинаа од сипаници

Sasko Dimovski

Тепани затвореници во акција на интервентна полиција, кај нив пронајдени телефони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе