Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани одново маршираа низ градот со барање за одговорност и правда, за како што велат никогаш повеќе ниедно дете да не биде убиено од истата негрижа.
Ова беше 35-ти „Марш за ангелите“, што се одржуваат речиси секоја сабота по пожарот во кој загинаа 63-ца луѓе, а повеќе од двесте беа повредени.
Еве што порачаа Мита Тасева, мајка на загинато момче; Александар Наунов, татко на загинато девојче; Розета Џамова, сестра на загинато момче и Велика Стојанова мајка на загинато момче.
