Вести Македонија Топ вести

Од Министерството за правда ги негираат тврдењата на КСОМ дека Предлог законот за извршување се носи зад затворени врати

Конфедерацијата на синдикални организации обвинува дека Министерството за правда задкулисно и без вклучување на јавноста и граѓанските организации подготвува измени во Законот за извршување.

Доколку не се реши проблемот, синдикатот најавува протести пред ресорното министерство.

Од Министерството за правда пак ги негираат тврдењата на Конфедерацијата на синдикални организации и велат дека  неосновани се тврдењата дека Предлог законот за извршување се носи зад затворени врати.

  • „Сите закони во Министерството за правда се подготвуваат низ јавен и транспарентен процес, со навремено информирање за нивниот статус. За Предлог законот за извршување беше формирана мултисекторска работна група, а процесот на изготвување на текстот е при крај. По неговата подготовка Предлог законот за извршување ќе биде објавен на ЕНЕР каде сите ќе имаат можност да го разгледаат, да дадат коментари, предлози и сугестии“, велат од Министерството за правда.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе