Судскиот и обвинителскиот совет имаат стагнација во транспарентноста на образложување на одлуките, проактивноста на советите и оддава впечаток на пасивност и неефикасност, оценува Коалицијата „Сите за правично судење“ која денеска го презентираше извештајот од мониторингот на двата совета, но и судењата.
Во однос на предложените измени на Кривичниот законик од група пратеници на ВМРО-ДПНМНЕ кои дојдоа во последен момент пред Уставен да пресече, забележуваат дека не се во насока во која треба да се движат реформите.
