Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители, соопшти Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта, велат од министерството.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
