Вести Македонија Најважни

Дискусија за дислокација на Усје во советот на градот Скопје, но не ѝ за аерозагадувањето

Ќе има дебата за дислокација на цементарницата „Усје“, но не и за аерозагадувањето во Скопје. Советниците побараа, а Градот прифати, на денешната седница да се разговара за ова, но тоа ќе биде последна точка на дневниот ред. Опозицијата предупреди дека воздухот што го загадува цементарницата е сериозна закана по здравјето на луѓето.

„Дека индустријата има огромен удел во канцерогениот воздух од кој секоја година умираме илјадници, вклучително и деца“, изјави Марјан Калески, советник од „Зелен хуман град“.

„Овој проблем е прилично сериозен во Скопје. Можеби нашите ингеренции не се извршни за да ја направиме таа одлука но сметам дека е добро советот денес да расправа, да го каже своето мислење па макар и да покрене некаква иницијатива затоа што сериозни се сите укажувања дека цементарница сериозно не загадува“, рече Ристо Пенов, советник од ЛДП.

Градот Скопје нема надлежност над работењето на цементарницата, но дека ќе се отвори расправа и заклучокот ќе биде доставен до надлежните институции, потврди градоначалникот Ѓорѓиевски. Уверуваше дека во буџетот за 2026 година се предвидени средства за заштита на животната средина кои се во нивна надлежност.

„Мене ме радува што господинот Пенов иако бил градоначалник на градот Скопје денес е загрижен за состојбите на цементарница Усје. Имал шанса да ја дислоцира ако тоа било возможно во минатото. Сепак јас сметам дека е добра иницијативата на советникот и треба да ја ставиме денес на дневен ред земајќи предвид дека заклучокот според мене треба да биде во насока да се обратиме како совет до надлежните институции а тоа е министерството за животна средина да си постапат таму“, додаде Орце Ѓорѓиевски градоначалник на град Скопје.

Претходно, опозицијата побара и вонредна седница, како и инспекциски надзор во Усје, со конкретни мерки, а не, како што посочија, празни ветувања. Во меѓувреме, за кривичната пријава поднесена пред три години од поранешната градоначалничка Данела Арсовска, Основното јавно обвинителство сè уште прибира докази. Од цементарницата Усје ги отфрлија сите обвинувања дека нејзиното работење е причина за загадениот воздух во главниот град.

Тврдат дека фабриката е под 24-часовен независен мониторинг и дека сите мерења се под законски дозволените лимити. Од компанијата наведоа и дека таа работи согласно законските прописи и А-еколошката дозвола, која е под надзор и контрола на Министерството за животна средина и просторно планирање и во која прецизно се дефинирани сите параметри што се однесуваат на заштитата на животната средина. Уверуваат дека ќе продолжат да работат согласно законските норми, со одговорен и транспарентен однос кон сите засегнати страни.

Симона Петровска

Дигитална обработка: Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Поранешна британска министерка пронајдена мртва – полицијата го истражува случајот како убиство

Sasko Dimovski

Недостигот од гориво ја претвори Хавана во град на трицикли со соларни панели

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе