Од СДСМ обвинуват дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ со отварање случаи се обидува да дефокусира од актуелните проблеми.
-Тоа го прават или со лажни вести од кујните за дефокус или со кривични пријави. Copy-paste рецепти од времето на Никола Груевски и по методите на Вучиќ, велат од СДСМ.
Последниот пример, според нив, е поднесената кривична пријава од МВР за поранешниот градоначалник на СДСМ од Пробиштип за решение поништено од него. Тоа според социјалдемократите е класичен дефокус по настанот кој се случил само пред два дена.
-При инспекциска контрола на објект во сопственост на началникот на ОВР Пробиштип биле утврдени низа неправилности. Објектот од намена училиште е пренаменет во ресторан, со узурпација на државно земјиште, за што постојат претходни постапки и правосилна судска пресуда. За ова зборува цел Пробиштип, соопштија од СДСМ.
