Кај приватните гинеколошки ординации е забележана двојна наплата и од осигурениците и од ФЗО, откри во вечерашната емисија на Телма „Директно“, директорот на фондот Сашо Клековски.
Тој најави дека во координација за УЈП ќе се врши и контрола во фискалниот дел на работењето.
Според Клековски одредени ПЗУ за одреден надомест од 500 до 1.000 денари наплаќале здравствена услуга која треба да биде бесплатна за пациентите осигуреници врз основа на договорот на установата со ФЗО.
Најави дека во петок ќе ги соопштат резултатите од овие контроли.
