Вести Македонија

Аерозагадувањето се намалува, мерките престануваат – велат надлежните од Министерството за животна средина

Ако некое дете не се чувствува добро родителите или лекарите треба да одлучат дали да остане дома. Ова го порача министерката за образование и наука Весна Јаневска која вели учебната година продолжува до 30 декември.

„Не размислувам за тоа порано да почне распустот. И така остануваат уште многу малку до крај на ова полугодие. Мене ми е жал што мора да се обидам да направам  споредба, но во  некои европски земји децата кога имаат грип и во градинка и на училиште одат на настава сè додека нивното здравје не е загрозено“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Отворајте прозорци и проветрувајте, трудниците, повозрасните и хронично билните можат да се вратат на своите работни места. Мерките и препораките за заштита од загадениот воздух престануваат да важат, одлучи министерството за животна средина. Причината е тоа што во Скопје и Струмица, каде изминативе денови загадувањето беше највисоко, повеќе не е надминат прагот на алармирање за ПМ 10 честичките.

„Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m³ и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, соопштија од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Изминатиот викенд Скопје се најде меѓу петте најзагадени градови во светот, а на европската листа се искачи и до второто место. Загадениот воздух предизвика и намалена видливост, што доведе до откажување, одложување и пренасочување на повеќе летови на Меѓународниот аеродром Скопје. Во тие денови, надлежните препорачуваа граѓаните да останат дома, да носат заштитни маски и да избегнуваат физичка активност.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе