Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министервото за земјоделство, сточарство и водостопанство.
- Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај, соопштија од министерството.
Инаку претпладнево пред седницата на Економско социјалниот совет пред владата, прес-конференција одржаа и сточари и земјоделци од целата држава поради, како што велат, катастрофалната состојба во македонското овчарство и заостанатите субвенции за 2024 година. Тие најавија и протести доколку не ги добијат субвенциите.

Напната атмосфера пред денешната седница на Економско-социјалниот совет. Синдикатите влегуваат на разговори со Владата со ултиматум – зголемување на платите или радикални чекори. Дополнителен револт предизвикува тоа што клучните барања за животниот стандард не се ни на дневен ред. Пред денешната седница на Економско социјалниот совет пред владата, прес-конференција одржаа и сточари и земјоделци од… Продолжи со читање












