Вести Македонија Топ вести

Попладнево најавени блокади на граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон Македонија

Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини „Евзони“ и „Ники“ кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири, односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин „Евзони“ за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај за сите возила, со исклучок на итни случаи.

На преминот „Ники“ („Меџитлија“) сообраќајот шест часа ќе биде во прекин за товарни возила почнувајќи од 18 часот по локално време, додека за автомобилите блокадата ќе трае два часа од 20 до 22 часот, исто така по локално време.

Блокади има и на другите гранични премини, на „Промахонас“ и „Ексохи“ кон Бугарија, но само за камиони, додека пак на Кипи кон Турција денеска ќе биде отворен преминот.

Низ цела Грција, остануваат блокадите на земјоделците поставени на 30 ноември, кои велат дека ќе останат на улица сè додека не бидат исполнети нивните барања, а нема да се повлечат ниту за празниците.

Сепак, се очекува, како за Божик, така и за Нова година, почнувајќи од утре да ги олабават блокадите за да можат граѓаните непречено да стигнат до нивните планирани дестинации за време на празниците, но без при тоа да ги повлечат сите паркирани трактори од автопатите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе