Асошиејтед прес објави дека шефот на американската амбасада во Македонија е еден од амбасадорите и дипломати од кариера кои се повлечени од функцијата со одлука на Стејт Департментот и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Функцијата амбасадор во Скопје ја врши амбасадорката Анџела Агелер која е на функција од ноември 2022-ра година. Таа беше назначена од претходниот претседател на САД, Џо Бајден. Агелер и претходна беше во дипломатската мисија на САД во Скопје, но на позиција односи со јавност. Замина на функција во друга држава, а се врати како амбасадор во Скопје.
Македонија е една од 4-те европски држави од кои се повлекуваат амбасадорите. Стејт департментот ги повлекува првите дипломатски претставници и во Црна Гора, Словачка и Ерменија. Вкупно 29 амбасадори низ целиот свет се отповикани.
Според изворите на новинската агенција на АП, писмата и известувањата се испратени минатата недела со рок до 15-ти или 16-ти јануари за враќање во Вашингтон.
М.С.
