Вести Македонија

Стопирана ИПАРД 3 програмата?

Дали Европската Комисија воведува целосна суспензија на ИПАРД 3 програмата, а со тоа и блокдата на 97 милиони евра пари за земјоделците? Според информaциите на Телма, ваква неагативна одлука е донесена уште на 10 декември, а домашните инистуции се известени пред неколку дена.

Но, Владата соопшти дека немаат добиено такво известување.

Согласно добиените информации од надлежните институции, до овој момент, не е доставено официјално известување од страна на Комисијата за суспендирање на средствата од ИПАРД III програмата, ни одговорија од владата.

Деталите до кои дојде Телма во известувањето до Mинситерството од страна на протоколот на еворпската комисија се наведува дека „Поради вмешаност на директорот во корупциски счучај, и иако националниот координатор презеде соодветни мерки,  ЕК воведува суспензија на сите исплати кон Македонија.“

Целосната сума на ИПАРД 3 Програмата изнесува 97 милиони евра европски средства и 31 милион евра национални средства. Периодот за имплементација започнат 2023 година трае до 31.12.2030.

Според податоците кои на 27 ноември ги кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, од 453 склучени договори, 289 се веќе исплатени, 111 корисници немаат поднесено барања за исплата, а 53 договори очекуваат исплата на пари.

Со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, сега раководи Даниела Ротова – Лазарова, именувана од Владата по апсењето на нејзиниот претходник Илија Стоилев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе