Вести Македонија

Атлетичарите тренираат на недовршен булевар во Тетово бидејќи во градот нема атлетска патека


Во април годинава завршија градежните работи за продолжување на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, но само на третина од предвидената делница која треба да се спои со регионален пат.  Бидејќи овој дел од булеварот од 600 метри е таканаречена слепа улица која не води никаде и завршува пред нива, таму нема сообраќај, па дел од атлетичарите го користат асфалтниот пат за трчање и тренирање, со оглед дека во Тетово нема атлетска патека.

Избравме ова место затоа што е улица којашто не е се уште отворена, односно не сообраќаат возила така да сметам дека е безбедно децата тука да трчаат. Изборот на ова место едноставно падна затоа што немаме никакви други можности. Трчаме во Жена парк исто изборот е на бекатон или тука на улица како што гледате, ние сме 7-8 атлетичари и нај идеално место моментално во Тетово за тренинг атлетика ни е ова овде, вели далибор спасовски од ак колибри тетово.

На дел од поранешниот Спортско-реактивен центар во Тетово се работи за нова спортска инфраструктура, но фокусот на општината се фудбалските терени.

Во спортски центар ќе се изградат, односно еден нов и ќе се реконструира постојниот со вештачка трева, рече градоначалникот касами.

Министерството за спорт инвестира во спортска инфраструктура како никогаш досега па ќе дојде ред и за атлетска патека во Тетово, ветува министерот Борко Ристовски.

Во Тетово не планираме за следната година, меѓутоа, може и да разговараме за годината после тоа. Јас знам дека има недостаток на атлетски стази. Меѓутоа треба да сме свесни дека ние како министерство не можеме да правиме сѐ оддеднаш. Почнавме навистина едни инвестиции во делот на спортската инфраструктура што се во последниве, не знам, десетина години, навистина невидени, тврди министерот.

На стариот градски стадион има бетонска патека за атлетско трчање која е во руинирана состојба, но објектот претежно го користат фудбалските клубови. Во Тетово има пет атлетски клубови.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе