Вести Македонија Најважни

Над 60 деца се во болницата Козле, но ниту едно на е на кислородна поддршка – лекарите констатираат поврзаност со загадениот воздух

За само една недела зголемен број на амбулантски прегледи и хоспитализации на Универзитетскарта клиника за респираторни заболувања кај децата “Козле“ . Над 150 амбулантско поликлинички прегледи и околу 60-тина деца кои хоспитализирани, но нити едно во моментов не е на кислородна поддршка.

Детектираме веќе инфлуенца А, најчесто инфлуенца А вирус, што значи детектираме грип, меѓутоа морам да кажам дека детектираме веќе и РСВ, истовремено респираторен синцицијален вирус,  кој што особено ги напаѓа младите доенчиња, вели д-р Мирјана Поповска, специјалист педијатриски пулмолог.

Најчести симптоми на  грип се висока телесна температура, на тоа се надоврзува носна секреција, кашлица и болки во грлото и типично за сезонскиот грип малаксаност. Тоа што е важно според педијатрите да не се брза со антибиотици, да се намалува телесната температура со парацетамолски тип на лекови и електролитен тип на течности. Во случај на влошување на состојбата да консултираат педијатар.

Мојата главна препорака е дете кое што има фебрилност има температура, кашлица, носна секреција да не се носи во градинка, во школо затоа што инфлуенцата се пренесува капковно. Значи може да се пренесе директно или индиректно. Значи децата си кашлаат, си киваат едно на друго, вие не можете да забраните на децата кога се едно до друго во еден колектив да не кивне или да не кашла. И индиректно преку предметите со кои дечињата заедно си играат, вели д-р поповска.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во Македонија се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е зголемување од 31,3% во однос на претходната недела. За сега на Инфективната клиника не се забележува зголемен број на амбулантски прегледи и пациенти со компликации од грип.

Со оглед на тоа што ни претстојат празници, зголемен број на луѓе ќе бидат во дружење, така што очекуваме после тој период да се зголеми бројот на случаи со грип. Јас секако ќе напоменам она што стои во сите протоколи дека најдобар начин дека најдобар начин да се заштитиме од грипот е вакцинацијата таа се препорачува кај малите деца и возрасните над 65 години, како и кај сите пациенти кои што имаат други болести односно коморбидитети со цел да се спречи појавата на компликации, се разбира кај оние кај кои ќе се јават компликации ќе бидат соодветно третирани на нашата клиника, вели асс. д-р билјана петреска од универзитетската клиника за инфективни болести.

Лекарите со апел до граѓаните да бидат внимателни во периоди кога воздухот е загаден и тоа особено важи за децата затоа што нивните бели дробови и воопшто  нивниот имунолошки систем е во развој. Според педијатрите доколку има можност би требало сите градинки и училишта да имаат прочистувачи на воздух.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе