Во Иран е егзекутиран осуден маж за шпионажа во корист на Израел и поврзаност со иранските опозициски групи.
Според организацијата Ирански човекови права со седиште во Осло, егзекутираниот маж е 27-годишен студент по архитектура Агил Кешевар. Тој бил осуден на смрт поради шпионажа во корист на Израел „врз основа на признание добиено со мачење“.
Во Иран изминатите месеци извршени се повеќе егзекуции на осудени за шпионажа во корист на Израел.
Смртните казни во Иран се извршуваат со бесење.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
